Со ИПАРД фондови до развој на услужни дејности во селата

07.04.2015 11:18

Парите од европската ИПАРД програма може да се користат за повеќе намени. Освен во земјоделството се кредитираат и услужните и туристичките дејности во селата...

Сервиси за поправка на машини, превозни средства, доставување на храна и дневна социјална заштита на деца, се дел од услужните дејности за кои може да се побараат пари од европскиот фонд.

Скоро се што им е потребно на селаните, а не е поврзано со земјоделството се ко-финансира од ИПАРД.

За услугите освен занаетчиите можат да конкурираат задругите, микро и малите фирми.

Висина на прифатливите трошоци е од 3.000 до 450.000 евра.

 

Методија Трајков