Стружанец заработи кривична пријава за бесправно градење
Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот- сега пријавениот А.М. на катастарската парцела во непосредна близина на мостот на реката Сатеска, отпочнал со градење на објект стовариште без претходно добиено одобрение за градење...

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против А.М (51) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“,, соопшти МВР. Имено истиот на 17 декември минатата година во струшкото село Драслајца започнал да гради објект- стовариште кој се наоѓал на катарстарска парцела во атар на селото.
На барање на полициската станица од Струга, овластен градежен инспектор од општина Струга извршил контрола и увид на објектот во градба. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот- сега пријавениот А.М. на катастарската парцела во непосредна близина на мостот на реката Сатеска, отпочнал со градење на објект стовариште без претходно добиено одобрение за градење.
Градежниот инспектор затекнал бетонски темелни стопи во градба, истите анкерисани со челични столбови. Веднаш потоа, градежната инспекција на Општина Струга донела решение со кое од инвеститорот се бара да преземе мерки за отстранување на градбата на стовариштето, објектот да го острани и локацијата да ја доведе во првобитната состојба.
