Прва победа на Гањон
Падините на Алтенмаркт за незаборав на Мари Мишел Гањон. 24 годишната Канаѓанка ја почувствува сласта на првата победа во кариерата во Светскиот куп. На програмата беше супер комбинацијата во која најдобро завршно време имаше Гањон. Ова е нејзин најголем успех во кариерата, по подолго време и прва победа на една канадска скијачка. Австријката Михаела Киршгасер беше втора во комбинациското натпреварување, а трета е Германката Марија Хефл-Риш.

И натаму е неизвесна трката за почестите во генерален пласман. По денешното трето место Хефл-Риш за нијанса ја зголеми предноста. Таа води со 731 поен пред Австријката Фенингер со 709 и Вајратер од Лихтенштајн со 673,
Скијачките, следната станица од Светскиот куп ќе ја имаат на 14 јануари на патеката за слалом во австрискиот центар Флакау.