Во Будимпешта почнаа разговорите за проектот „Турски тек“
Почна состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Грција, Турција и Србија за приклучувањето кон проектот „Турски тек“, руско-турски гасоводен проект кој завршува на турско-грчката граница. Гасоводот е замена за „Јужен тек“ кој не успеа поради кризата во Украина и е можност за енергетско снабдување на Југоисточна и Јужна Европа...

Енергијата и рускиот гас, главна тема на состанокот за енергетска безбедност во Будимпешта, на кој учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски, со колегите од Унгарија, Србија, Грција и Турција.
Клучната дебата меѓу петте држави се води околу нивната подготвеност за новиот план на Русија, за внесување гас на Балканот и Еропската унија, преку новиот гасовод „Турски тек“, кој од Истанбул, преку Грција, Македонија и Србија, би носел гас до Унгарија и Европската унија.
Министерот Попоски веќе оствари билатерална средба со унгарскиот колега и домаќин, Петер Сијарто, а наскоро треба да започне и пресконференцијата на министрите од петте балкански земји.
На маргините на овој состанок, попладнево, предвидена е и средба на министерот Попоски со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас.
Оливер Бранковиќ, специјален дописник од Будимпешта за МРТ
