Се наѕираат учесниците на завршниот турнир
Бранителот на пехарот Вардар ќе биде домаќин на групата 1, во којашто ќе игра со Борец. Втората двојка ја сочинуваат Прилеп и Охрид...

Во Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) со ждрепка беа одредени 1/4-финалните групи за Купот на Македонија. Секоја од нив ќе содржи по четири екипи, а натпреварите по принципот полуфинале-финале ќе се одиграат на 18 и 19 април. Најдобриот тим од секоја група ќе обезбеди настап на завршниот турнир на четирите најдобри, планиран за средината на мај.
Бранителот на пехарот Вардар ќе биде домаќин на групата 1, во којашто ќе игра со Борец. Втората двојка ја сочинуваат Прилеп и Охрид.
Шампионот Металург ќе го организира турнирот на групата 4, на којшто ќе игра со Феникс. Ќе се сретнат уште и Текстилец и Радовиш.
Полуфиналните двојки на турнирот на групата 2 чијшто домаќин ќе биде Пролет, ќе бидат: Пролет-Работнички и Металург 2-Лозари.
Групата 3 ќе биде во организација на Вардар Јуниор. На него вториот состав на Вардар ќе игра со Зомимак, а Пелистер со Преспа.
