Снежно невреме на Балканот
07.04.2015 14:30
Секторот за вонредни состојби ја следи состојбата на терен. И во Босна и Херцеговина проблеми со снегот. Дополнителен проблем прават минусните температури...

Снежното невреме на Балканот и денеска создава проблеми. Во Србија стотина жители на селото Нова Варош се отцепени од светот и немаат струја. Најкритична е состојбата во селата Јасеново и Мишевич во кои снежната покривка достигнува до еден метар.
Секторот за вонредни состојби ја следи состојбата на терен. И во Босна и Херцеговина проблеми со снегот. Дополнителен проблем прават минусните температури.
Наносите од снег создаваат проблеми на повеќе патишта, а проблеми има и со испораката на електрична енергија.
Хрватска издаде предупредување за можна појава на лавини во повеќе региони.
