Турската полиција уапси две лица осомничени за нападот на фудбалерите на Фенербахче

07.04.2015 14:37

Според информации од истрагата едниот од напаѓачите го следел автобусот, додека другиот го извршил вооружениот напад, при што беше повреден возачот...

Изутрината турската полиција уапси две лица кои се осомничени за нападот на автобусот што ги превезуваше фудбалерите на Фенербахче.

Според информации од истрагата едниот од напаѓачите го следел автобусот, додека другиот го извршил вооружениот напад, при што беше повреден возачот.

Двајцата осомничени ги негираат обвиненијата.

Фудбалскиот сојуз на Турција вчера соопшти дека сите натпревари се одложени за една седмица.

Сметаме дека се работи за терористички напад кој не беше ориентиран само кон Фенербахче, туку кон целиот турски спорт, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз Јидирим Демирорен.