„Нешто пропуштаме“ утревечер премиерно во Театар Комедија

07.04.2015 15:15

„Нешто пропуштаме“ е новата претстава на писателот Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски која утре вечер ќе биде премиерно изведена во Театар Комедија...

Многу е тешко да направиш добра комедија. Посебно денес, кога главата ти е полна со референци од сите можни уметности, а половина од нив се кич. Ќе го изгубиме компасот, но никогаш нема да престанеме да ја бараме вистината. Тука на сцената каде сѐ е можно, каде соништата се пореални од суровата уметност, нешто пропуштаме или нешто не тера да го пропуштиме. Не знам. Затоа правам претстави, вели режисерот Бојан Трифуновски за новата претстава на Театар Комедија.

Со задоволство ја прифатив поканата- вели актерот од Македонскиот народен театар Сашко Коцев кој гостува во оваа претстава.

Новата претстава на писателот Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски е драма за театарска група која нема идеи за добри претстави и мора да прифати теми од американска фондација за да добие грант. Мал приватен театар во кој еден продуцент и двајца актери сакаат да направат нешто свое, но ништо не им оди... „нешто пропуштаат“.

 

Александра Перевска