Натпреварувачката комисија на МКФ за четврток го закажа мечот Карпош Соколи-Куманово

Разрешница или нов заплет ?!

07.04.2015 15:22

Дали навистина ќе с еодигра средбата, е сосема друго прашање, со оглед дека Куманово уште минатата недела изрази категоричен став дека нема никаква намера да го игра дуелот...

Натпреварот од 1.суперлигашко коло на домашниот кошаркарски шампионат карпош Соколи-Куманово да се одигра в четврток.Оваа одлука денеска ја донесе Натпреварувачката Комисија на МКФ, одредувајќи термин за мечот којшто беше одложен поради проблемите со трансформацијата на скопскиот клуб во АД, поради што изминатиот викенд немаше првенствена кошарка кај нас.

Дали навистина ќе с еодигра средбата, е сосема друго прашање, со оглед дека Куманово уште минатата недела изрази категоричен став дека нема никаква намера да го игра дуелот, ако тој воопшто биде закажан. Кумановци сметаа дека во моментот на почетокот на Супер Лигата Карпош Соколи немал уредна пререгистрација и оти средбата била одложена надвор од актите. Поради сето тоа, Куманово поднесе кривични пријави до членовите на Натпреварувачката комисија и до претседателот на Здружението на прволигаши.

Самото закажување на мечот значи дека комисијата сега смета оти Карпош Соколи има право да настапува во Супер Лигата. Случајот беше заплеткан и контроверзен, предизвика многу состанови во МКФ и во АМС, а згора на се беше во позадина и во превирањата меѓу борците за смена на претседателот на федерацијата Даниел Димевски и него лично, во екот на иницијативата за промени на врвот во МКФ.