Пораз од Данска!
Македонските ракометари загубија од Данска со 29-21 на отворањето на Европското првенство. Противникот постојано водеше, ние лошо влеговме во натпреварот и потоа бевме во неблагодарна ситуација да бркаме разлика. Домаќинот на шампионатот поведе со 5-0, имаше и предностод 9-2, но до крајот на првото полувреме Македонија се консолидираше и намали на негатива од три гола. Сепак, на полувремето актуелниот европски првак и светски вицешампион замина со 12-8.

Иако Борко Ристовски блесна со 15 одбрани, а добро одиграа и дебитантите на европските првенства Стојчевски и Ојлевски, нашиот национален тим не можеше да фати приклучок. Нападот не функционираше, крилата немаа ритам, многу грешевме во додавањата, а сето тоа им овозможи на Данците да ги користат контрите за постојано да го одржуваат резултатот. Капитенот Кире Лазаров беше најефикасен на теренот во Хернинг со 7 гола, Стојчевски трипати ја погоди мрежата, а Миркуловски, Стојанче Стоилов, Ојлески и Пецаковски постигнаа по два погодока. Меѓу стативите на Данска блесна Ландин со 17 одбрани, а Мортенесен беше прв стрелец со 5 гола.
Наредниот натпревар Македонија ќе го одигра во вторник против Чешка која денеска загуби убедливо од Австрија со 30-20. Доколку победат, македонските ракометари ќе обезбедат пласман во втората фаза, а со тоа ќе го продолжат патот до уште еден одличен резултат на континенталните собири. На претходниот шампионат Македонија го освои петтото место.