12 масовни гробници во Тикрит
07.04.2015 17:43
Телата на војниците убиени минатиот јуни ќе бидат идентификувани преку ДНК, бидејќи многу семејства не добиле потврда за смртта на нивните најблиски...

По ослободувањето на Тикрит почна откопувањето на 12 масовни гробници со околу 1.700 тела на заробени ирачки војници, убиени од борците на Исламска Држава. Телата на војниците убиени минатиот јуни ќе бидат идентификувани преку ДНК, бидејќи многу семејства не добиле потврда за смртта на нивните најблиски.
„Дојдов да го побарам внукот. Ми рекоа дека е убиен и закопан во Тикрит, во палатата на Садам“, изјави Абу Муртада ал Хачами, роднина на убиен.
Егзекуциите извршени минатиот јуни биле брутални – џихадистите проверувале дали се војниците шиити и ако биле, отворале оган.
