Пораз од Данска, но ништо не менува
Македонија загуби од Данска со 29-21 на првиот натпревар на европското првенство, не разочара,можеше и подобро, но по се што се случуваше во пресрет на шампионатот ,поразот и беше очекуван.
Македонија загуби од Данска со 29-21 на првиот натпревар на европското првенство, не разочара,можеше и подобро, но по се што се случуваше во пресрет на шампионатот ,поразот и беше очекуван.
Свесни за актуелниот момент по сите проблеми на подготовките и патот до данска,нашите ракометари натпреварот го почнаа во грч, му дозволија на противникот да отвори со 5-0, го разбранија Никалас ландин и тука веќе го загубија натпреварот. Првиот гол го постигнаа во 9-тата минута, но требаше да мине четвртина од средбата за да сватат дека можат, иако враќање по 8-2 пред 15000 дански навивачи е повеќе од тешко.Сепак на наколкупати Македонија намали на 3 гола разлика, а на полувреме замина со 8-12.
РАзликата се одржуваше до средината на второто, селекторот Обрван очекувано почна со ротација за да ги увиди можностите на сите свои избраници пред натпреварите со Чешка и Австрија, Ландин „фати“ неколку зицери па данска се одвои на 19-12 и веќе се беше јасно.
Голманите беа најдобри во двете репрезентации, Ландин забележа 17, а Борко РИстовски 15 одбрани. Данската клупа е подолга и поквалитетна па дури 11 играчи се запишаа во листата на стрелците предводени од Мортенен со 5 и од заштитниот знак на данскиот ракомет Хансен со 4 гола. Кај нас Лазаров беше најефикасен со 8, 3 постигна Стојчевски, а Пецаковски се врати на теренот по повредата со 2.
Пораз по кој не треба да се жали, туку треба да се извлечат поуки, да се поправи реализацијата и конечно да се искоростат 40-тината часови до натпреварот со Чешка за толку потребниот одмор. А токму мечот со чесите во Вторник може да биде решавачки. Со победа Македонија сигурно е меѓу најдобрите 12-ет, откако Австрија ја декласира Чешка со 30-20, па ако славиме и ние тогаш в Четврток со Австрија ќе решаваме која селекција ќе пренесе два бода во втората фаза.
Лесна математика, но дали и лесно остварлива? МАкедонија има шанса, има потенцијал, желба и мотиви, а и квалитет. Треба само тоа и да го докаже.
