Македонски студенти два дена ќе работат на предизвици на НАСА

08.04.2015 11:44

Настанот се реализира истовремено на 135 локации во светот, а поради одличниот успех лани и освоеното второ место, Скопје е координатор на 10 локации и тоа 4 домашни и 6 меѓународни: Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана...

Во просториите на иновативниот центар на Телеком, од утре до сабота, ќе се одржи глобалниот технолошки натпревар во кој учесниците ќе имаат можност во период од 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.

Настанот се реализира истовремено на 135 локации во светот, а поради одличниот успех лани и освоеното второ место, Скопје е координатор на 10 локации и тоа 4 домашни и 6 меѓународни: Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана.

Интернационалниот настан под патронат на НАСА им овозможува на тимовите да  соработуваат за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно- научните факултети, а во работата ќе им помагаат и претставници на компаниите од ИТ- индустријата.

 

Свето Николовски