Македонија- 22 години полноправна членка на ОН

08.04.2015 11:50

Нашата земја досега има воспоставено дипломатски односи со околу 170 држави во светот, а под уставното име е признаена од над 130 меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина.

Република Македонија пред точно 22 години стана 181-та полноправна членка на Обединетите Нации. Со овој чин беше потврдена волјата на македонскиот народ по референдумот на 8-ми септември 1991 година за самостојна и независна Македонија.

Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во светската организација беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.