Најниски цени на бензинот во САД во последниве шест години
Ниските цени се резултат на побрзиот раст на светските залихи на нафта во однос на побарувачката, бидејќи е зголемено производството не само во Северна Америка, туку и во други делови од светот...

Возачите во САД летово ќе имаат најниски цени на бензинот во последниве шест години, најави министерството за енергетика.
Се очекува просечната цена да падне за 32 отсто во однос на 2014- та, односно од 3,36 на само 2,4 долари за галон, што ќе биде најниско ниво од 2009-та. Ниските цени се резултат на побрзиот раст на светските залихи на нафта во однос на побарувачката, бидејќи е зголемено производството не само во Северна Америка, туку и во други делови од светот.
Американското министерство наведува дека сегашните прогнози може сериозно да бидат променети, доколку се укинат санкциите кон Иран, бидејќи таа држава има складирано 30 милиони барели нафта.
Се очекува цената на брентот што го преработуваат многу американски рафинерии годинава да се намали за 40 отсто.
