Полициска бруталност: Бел полицаец од Јужна Каролина застрелал афроамериканец во грб
Полицаецот тврдел дека пукал во одбрана на својот живот. Сепак, на снимката што му беше прикажана на обвинителството се гледа како му пука во грбот на човекот кој бега од него, откако прво го шокирал со електричен пиштол...

Американски суд покрена обвинение против бел полицаец од Јужна Каролина, затоа што застрелал афроамериканец кој бегал од него. Полицаецот тврдел дека пукал во одбрана на својот живот. Сепак, на снимката што му беше прикажана на обвинителството се гледа како му пука во грбот на човекот кој бега од него, откако прво го шокирал со електричен пиштол.
„Кога грешите, грешите. И ако донесете лоша одлука, не е битно дали носите значка или сте обичен граѓанин. Мора да живеете со таа лоша одлука“, изјави Кит Сами, градоначалник на Северен Чарлстон.
Според истрагата, го запрел афроамериканецот поради скршено задно светло на автомобилот.
Во Лос Анџелес, демонстранти протестираа против полициската бруталност со 617 картонски ковчези - толку луѓе во градот биле застрелани од полицијата од 2000 година.
