Откажани стотици летови во Франција поради штрајк на контролорите
08.04.2015 12:16
Синдикатот повика на дводневен штрајк поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање за две години – на 59...

Стотици летови се откажани во Франција пред планираниот штрајк на контролорите на авио-сообраќајот.
Синдикатот повика на дводневен штрајк поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање за две години – на 59.
Ер Франс соопшти дека ќе бидат изведени сите долги летови, но најтешко ќе бидат погодени средните и кратките летови.
Нискобуџетната Рајан Ер беше принудена да откаже повеќе од 250 летови.
