Земјоделски препарати од Франција и Грција вратени од Табановце поради нерегуларности
08.04.2015 12:36
Државниот пазарен инспекторат по редовните контроли утврдил непочитување на законот при увоз на земјоделски препарати кои не биле произведени споредени стандардите...

Од граничниот премин Tабановце вратени 10 тони пестициди од Франција и 13 тони вештачко ѓубриво од Грција. Државниот пазарен инспекторат по редовните контроли утврдил непочитување на законот при увоз на земјоделски препарати кои не биле произведени споредени стандардите.
Производителите се Агрола и Крексарти. Во законската регулатива за производи за заштита на растенијата, која популарно се нарекува Закон за пестициди, е јасно прецизирано кои препарати, кога и во колкава количина се употребуваат, велат од инспекторатот.
