Иванов: Да придонесеме кон кристализирање на сликата за новата реалност
Светот не се менува – тој е веќе променет, се менува само нашата перцепција за него – рече во обраќањето пред 40- тина актуелни и поранешни шефови на држави, премиери и министри...

Претседателот Иванов учествува на Евроазискиот економски самит на фондацијата „Мармара“ во Истанбул. Светот не се менува – тој е веќе променет, се менува само нашата перцепција за него – рече во обраќањето пред 40- тина актуелни и поранешни шефови на држави, премиери и министри.
„Годинава одбележуваме 70 години од крајот на Втората светска војна, која требаше да биде крај на сите војни, а сведоци сме на повторна ескалација на нетрпеливоста, фанатизмот и екстремизмот во светот. Нашата задача овие денови ќе биде да придонесеме кон кристализирање на сликата за новата реалност. Ќе можеме да зборуваме за телекомуникациите, информатичката технологија, за енергијата и транспортот, за „патот на свилата“, и патот кон мирот во светот“, нагласи претседателот Иванов во своето обраќање.
Во состав на македонската делегацијата се и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф и министерот без ресор Фуркан Чако, кои ќе ги презентираат поволностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените кои ќе учествуваат на Евроазискиот економски форум. На форумот ќе учествуваат и македонски компании.
Ова е петто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум на Мармара фондацијата, што се организира секоја година, почнувајќи од 1998 година.
