Хан: ЕУ ќе ги поддржи напорите за надминување на кризата
08.04.2015 13:12
Европската унија има волја да го помогне овој процес...

Европската унија ќе ги поддржи напорите на партиите за надминување на актуелната политичка ситуација, вели еврокомесарот Јоханес Хан во писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Политичките субјекти и институциите на вашата земја се соочуваат со тест на нивната демократска зрелост во решавање на оваа криза. Европската унија има волја да го помогне овој процес. Во наредните денови се предвидени контакти меѓу соработниците, посочи Хан.
