Македонија ги избра Чешка,Словенија и Шведска
На ждрепката за составот на групите Македонија како домаќин на европското имаше право на избор во која група ќе се обиде да освои едно од првите 2 места што водат во битката за висок пласман...

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години на европското првенство што ќе биде одржано во нашава земја ќе игра во А групата со селекциите на Чешка, Словенија и Шведска.
На ждрепката за составот на групите Македонија како домаќин на европското имаше право на избор во која група ќе се обиде да освои едно од првите 2 места што водат во битката за висок пласман,па во консултација со ракометните легенди Нацева и Кастратовиќ,селекторот Јулија Дамчевска се реши за А групата:
„Мислам дека групата е во склад со нашите можности. Добро ќе се подготвиме, а наша шанса за две победи се Чешка и Словенија“-истакна Јулија Дамчевска-селектор на женската ракометна репрезентација до 17 години.
Во Б групата се Шпанија,Романија ,Русија и Германија,во Ц:Холандија,Хрватска,Португалија и Франција и во групата Д ќе партиципираат Словачка,Норвешка,Данска и Унгарија.
Европското првенство ќе биде одржано во Скопје од 13-ти до 23 август во салите на спортските центри Борис Трајковски и Јане Сандански.
