Десет години соработка Македонија - Долна Нормандија

08.04.2015 13:32

Деценија соработка, создавање на меѓукултурни врски и олеснување на трговската размена, одбележуваат Македонија и Долна Нормандија. Ја градат 60-тина партнери, здруженија, училишта култруни установи. Во Кан е и македонска делегација...

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија беше започната во 2005 година како билатерлана новатрорска регионална соработка. Овие два дена се слават 10 години од соработката. Целта беше да се создадат меѓукултурни врски и олеснување на размената меѓу двете територии, ова и покрај нивните разлики, во изминатите десет години  беше најдена заедничка визија за прашањата на децентрализацијата, владеењето и локалниот развој.

Оваа соработка овозможи бројни размени кои резултираа со реализација на одржливи проекти и партнерства кои продолжуваат да напредуваат. Резултатите од оваа соработка се видливи и вкоренети во двете општества. Поради ова, децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија сега служи како пример за нејзината стабилност и издржливост што се должи на посветеноста и поддршката на многу од нејзините партнери во двете територии, на прво место градовите, невладините организации силно поддржани од надлежните државни и регионални институции.

Во програмата за десетгодишнината од соработката е предвиедена во текот на денот во седиштетот на Регионот во Кан, презентација на соработката Долна Нормандија-Македонија  со сведоштва и искуства на партнерите, индивидулани разговори и средби. Утре се предвидени три тематски работилници за „Предизвици на институционалната соработка: долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици“, „Соработка со Балканот или како да се вреднува различноста на европските идентитети“ и „Децентрализирана соработка и економска отвореност“.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ