Жестоки судири во Јемен
08.04.2015 13:52
Судирите на верските фракции во Јемен отвораат пат за Ал Каеда, оцени американскиот секретар за одбрана Ештон Картер...

Во Аден, хути милицијата се судри со владините сили во центарот на градот, додека од џамиите оџите повикуваа на џихад и борба против шиитите. Бунтовниците палат куќи и напредуваат со помош на тенк и две оклопни возила.
Судирите на верските фракции во Јемен отвораат пат за Ал Каеда, оцени американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.
Според него, Вашингтон ќе продолжи со борбата против терористичката мрежа и покрај граѓанската војна.
