ЕЦБ ја остварува програмата за раст на еврозоната

08.04.2015 13:58

Oваа институција само во март купила владини и корпоративни обврзници за скоро 61 милијарда евра...

Европската централна банка соопшти дека го реализирала месечниот план за откуп на хартии од вредност за 60 милијарди евра во март годинава. Тоа беше прв месец од проширената програма за поттикнување на економскиот раст во еврозоната и спречувањето на дефлацијата.

Во рамките на програмата на Европската централна банка за вбризгување на повеќе од 1,1 билиони евра во економијата на еврозоната од март годинава до септември 2016-та, оваа институција само во март купила владини и корпоративни обврзници за скоро 61 милијарда евра.

Банкарските експерти сметаат дека планот на европската монетарна власт се реализира со успех и очекуваат да се постигнат предвидените цели.

 

Свето Николовски