Базари по повод велигденските празници
08.04.2015 10:02
Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во општина Гази Баба ќе се одржи манифестацијата „Најубаво велигденско јајце“ ...

Велигденски базари во пресрет на големиот христијански празник Велигден денеска ќе се одржат во општините Гази Баба и Бутел.
Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во општина Гази Баба ќе се одржи манифестацијата „Најубаво велигденско јајце“ на која ќе учествуваат децата од основните училишта и градинките во оваа општина.
Во општината Бутел, пак, ќе се одржи хуманитарен велигденски базар на кој штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ ќе се претстават со своите ракотворби.
