Шпанија: Во акција против џихадистите уапсени 9 лица
08.04.2015 14:23
Апсењата и претресите се направени на повеќе места во околината на Барселона и во покраината Тарагони...

Девет лица се осомничени за поврзаност со терористичка група од Исламска држава и уапсени во Каталонија, соопштува полицијата од оваа покраина на истокот на Шпанија.
Апсењата и претресите се направени на повеќе места во околината на Барселона и во покраината Тарагони. Во последните месеци во Шпанија се откриени повеќе ќелии за врбување доброволци за зоните на судирите во Сирија и Ирак.
Според шпанската полиција, досега на џихадистите им се придружиле стотина Шпанци, што и не е многу ако се споредат со илјадници Французи, Британци и Германци.
