Усвоен мастер план за подобрување на конкурентноста на економијата

08.04.2015 14:41

Содржи 32 мерки поделени во 9 области кои ќе ја олеснат работата на претпријатијата, ќе ја подобрат ликвидноста и соработката на домашните со странските компании...

Националниот совет за претприемништво и конкурентност го усвои заедничкиот план за имплементација за патетот мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Мастер планот содржи 32 мерки поделени во 9 области кои ќе ја олеснат работата на претпријатијата, ќе ја подобрат ликвидноста и соработката на домашните со странските компании.

Сетот мерки вклучува и формирање слободни зони за истражување и развој, а предвидени се и стимулативни мерки за изучување на дефицитарните струки.