По инцидентот на Копленд, Перо Антиќ притворен во Њујорк

08.04.2015 17:18

Според полицијата, тандемот на Атланта е приведен поради недолично однесување и попречување на официјално лице во извршување на службените обврски...

Веднаш по победата над  Феникс, кошаркарите на Атланта отпатуваа во“Големото јаболко“ каде што вечерва ги очекува дуелот со Њујорк. Двајца од актерите во рекордната 58 победа на “јастребите“ Перо Антиќ и Тебо Сефалоша престојувале во ноќен клуб во кој играчот на Индијана Крис Копленд бил физички нападнат и избоден со нож. Меѓу повредените е и девојката на Копленд. Според полицијата, тандемот на Атланта е приведен поради недолично однесување и попречување на официјално лице во извршување на службените обврски.

Клубот засега нема образложение за немилиот настан. Инаку Копленд е роден во Њу Џерси, а во својата дебитантска сезона 2012 /13 имаше 56 настапи за екипата на Њујорк. Според НБА распоредот по полноќ неговата екипа ќе му гостува на Бруклин, додека Атланта ќе игра со Њујорк.