Случај „Пуч“: Верушевски на распит во Јавното обвинителство

08.04.2015 17:23

Адвокатот на Верушевски изјави дека првосомничениот не е виновен што МВР не го обезбедило системот, туку тоа било пропуст на министерството. Верушевски, според адвокатот, отфрлил негова одговорност...

Нов распит во обвинителството за случајот „Пуч“. Адвокатот на Верушевски изјави дека првосомничениот не е виновен што МВР не го обезбедило системот, туку тоа било пропуст на министерството. Верушевски, според адвокатот, отфрлил негова одговорност.

Според познавачите на правната материја, со ова Верушевски не го негира делото, туку признава вина. За нив, Верушевски се однесувал како престапник што не се обвинува себеси, туку институцијата каде што го направил делото.

На Верушевски денеска му била дадена на увид спогодбата меѓу обвинителството и шестоосомничениот кој го призна делото и доби 3 години затвор.

Верушевски е првоосомничен во аферата „Пуч“ за шпионажа и насилство спрема највисоките државни претставници.

Игор Панов