Деценија од соработката со Долна Нормандија
Долна Нормандија денес и утре во Кан е домаќин на голема македонска делегација, каде се одбележува десет годишнината од соработката меѓу овај француски регион и Република Македонија...

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија беше започната во 2005 година како билатерлана новатрорска регионална соработка меѓу здруженија и траеше до 2013 година, а потоа во 2012 година беше продолжена за четири години.
Ани Ан-вице претседател на регионот Долна Нормандија задолжена за меѓународна соработка и размена, за МРТ непоисредно по отвирањето на средбата ја даде следната изјава за значењето на соработката со Македонија.
„Работиме на едно значајно прашање со Македонија, професионалната интеграција, односно да и дозволиме на една земја да ги прифати вредностите кон кои ние сме приврзани. Потоа, работата врз сеќавањата, знаме дека Македонина беше тешко погодувана од конфликтите во текот на 20 век, Првата и Вторатат светска војна. Тоа ги обединува народнте и им дава заедничлки цели за соработка“, вели Ани Ан-вице, претседател на регионот Долна Нормандија задолжена за меѓународна соработка и размена
Овие два дена се слават 10 години од соработката. Покрај заменик претседателката на регионот Долна Нормандија, на учлесниците им се обрати и Љупчо Ренџов заменик министерот за локална самоуправа и Ана Блажевска, државен секретар за европски прашања.
Во програмата за десетгодишнината од соработката е предвиедено најпрво во текот на денот во седиштетот на Регионот во Кан, Презентација на Соработката Долна Нормандија/ Македонија со сведоштва и искуства на партнерите, индивидулани разговори и средби.
Во Културниот дел на програмата е предвидено „Затворање на изложба на Флер Елуин и концертот на македонска музика на Тони Китановски и Черкези Оркестар/Баруф Оркестар и посета на Меморијалниот центар од Кан.
Тони Гламчевски, дописник за МРТ од Франција
