Вардарци се вратија на врвот, тетовското дерби за Ренова

08.04.2015 20:07

Решавачки период беше во средината на второто полувреме, кога за само две минути “црвено црните“ постигнаа два гола и ги решија дилемите околу победникот...

Фудбалерите на Вардар го совладаа Тетекс со 2 : 0 во 23 коло од првата македонска фудбалска лига. Решавачки период беше во средината на второто полувреме, кога за само две минути “црвено црните“ постигнаа два гола и ги решија дилемите околу победникот. Првиот гол го постигна Филип Ивановски во 63 минута, а веќе во следната акција Дејан Блажевски зголеми на 2 : 0, што беше и конечен резултат на натпреварот. Тетовската пресметка и припадна на Ренова, која минимално ја совлада фаворизираната Шкендија со голот на Емран Рамадани точно по 50 минути игра.

По примениот гол домаќините во нервозна игра заработија две исклучувања, најпрвин на Артим Положани во 63 минута, кому 10 минути подоцна му се приклучи Седад Бериша. По победата над последнопласираниот тим во лигата Вардар се врати на чело на табелата со 52 бода, еден повеќе од Работнички. Иако го загуби и второто градско дерби пролетва Шкендија останува на третото место со 40, но сега со само бод повеќе од Ренова.     

 

 Табела

1.      Вардар           52

2.      Работнички    51

3.      Шкендија       40

4.      Ренова            39

5.      Силекс            30

6.      Металург        29

7.      Турново          25

8.      Брегалница    22

9.      Пелистер        19

10.    Тетекс              9