Француската ТВ5 цел на хакери од ИДИЛ
09.04.2015 09:29
„Јас сум ИСИС“, беше пораката која ја открија „следбениците“ на ТВ5 најпрво на Твитер профилот, а потоа и на Фејсбук. На фотографијата маскирано лице, со црното знаме на Даеи со натписот „Кибер-Калифат“...

Француската телевизија ТВ5 Монд соопшти дека била цел на хакерски напад на Исламска држава, Тие наведуваат дека им биле нападнати нивните ТВ-канали, интернет сајтови, Твитер и Фејсбук страничката, јави дописникот на МИА од Париз.
„Јас сум ИСИС“, беше пораката која ја открија „следбениците“ на ТВ5 најпрво на Твитер профилот, а потоа и на Фејсбук. На фотографијата маскирано лице, со црното знаме на Даеи со натписот „Кибер-Калифат“.
Скоро истовремено, програмите на ТВ5 беа исто така прекинати.
Кибер-нападот, според специјалистите бил со големи размери. Тој започна околу 22 часот, напад кој беше признат од директорот на ТВ5 Ив Биго, при што сите 11 тв канали, од кои девет општи и два тематски мораа да пуштат во етерот црн екран.
Техничките екипи на ТВ5 ја презедоа контролата на социјалните мрежи и интернет страниците. Враќањето во нормалата се очекува за неколку часови, а можеби и денови.
