Поволностите за инвестирање во Македонија претставени пред турските бизнисмени

09.04.2015 11:10

Tурските стопанственици се најмногу заинтересирани во делот на енергетскиот сектор, земјоделството и во делот на градежништвото...

На маргините на Eвроазискиот форум, пред турските бизнисмени беа претставени поволностите за инвестирање во Mакедонија. На иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов, се одржа сесија на која присуствуваа повеќе од 100 компании од градежништвото, енергетиката, здравството, земјоделството, транспортот и логистиката.

Претседателот Иванов ги запозна бизнисмените со поволниот инвестициски амбиент во Македонија, со состојбите во македонската економија, како и со оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.

На сесијата се обратија и министрите за странски инвестиции Џери Наумоф и Фуркан Чако.

„Имавме можност да се видиме со постоечките инвеститори, но и со новите заинтересирани сериозни инвеститори, кои сакаат да вложат надвор од Република Турција. Сакам да истакнам дека турските стопанственици се најмногу заинтересирани во делот на енергетскиот сектор, земјоделството и во делот на градежништвото“, изјави министерот Фуркан Чако.