Се очекува висок водостој на реките поради топење на снегот

09.04.2015 11:18

Според информациите од Центарот за управување со кризи, како критични места каде се очекува поголемо количество на вода се сливовите на Вардар кај Јегуновце, на Црна Река во пелагонискиот регион и на Треска кај селото Пласница...

Според прогнозата на УХМР од денеска следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе забележат пораст и до 20 степени.

Поради големата влажност на паднатиот снег и можното топење и понатаму се очекуваат високи водостои на сите реки во државава. Според информациите од Центарот за управување со кризи, како критични места каде се очекува поголемо количество на вода се сливовите на Вардар кај Јегуновце, на Црна Река во пелагонискиот регион и на Треска кај селото Пласница.

До градоначалниците се препорачува преземање соодветни превентивни мерки.