Заев на распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“
На последниот распит, на Заев му биле предочени доказите. На вчерашниот распит, пак, Верушевски се бранел со тоа што не била негова вина што МВР не го обезбедило системот...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е четвртоосомничен во случајот „Пуч“ на распит во јавното обвинителство. Покрај претседателот на СДСМ, во случајот се осомничени и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга, како и еден вработен во Општина Струмица.
На последниот распит, на Заев му биле предочени доказите. На вчерашниот распит, пак, Верушевски се бранел со тоа што не била негова вина што МВР не го обезбедило системот.
Неговиот адвокат не го негира делото и тврди дека тоа што се случило било пропуст на Минисерството за внатрешни работи.
На Верушевски му била дадена на увид и спогодбата меѓу обвинителството и шестоосомничениот кој го призна делото и беше осуден на 3 години затвор.
