Расте бројот на американски конгресмени кои ја поддржуваат Македонија
09.04.2015 11:25
Републиканецот од Мичиген, Дејв Трод, се придружи на Конгресната група за пријателство со Македонија...

Се зголемува бројот на американските конгресмени што ја поддржуваат Македонија. Републиканецот од Мичиген, Дејв Трод, се придружи на Конгресната група за пријателство со Македонија.
Пред неговото доаѓање во Конгресот, беше претседател, главен извршен директор и сопственик на неколку компании, кои се креатори на илјада и 800-ни работни места. Конгресната групна за притателство со Македонија е двопартиска група на членови.
Како глас на Македонските американци во Вашингтон, Обединетата македонска дијаспора очекува соработка со сите членови на групата за продолжување на напорите за јакнување на Македонско-американските односи.
