Тодоров: Холандски „Еренес“ ќе инвестира во Македонија
09.04.2015 11:35
Според владејачката партија, досега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработени речиси 9 илјади луѓе...

Холандската компанија „Еренес“ ќе инвестира во Македонија. Планира вработување на 50 лица, најави синоќа министерот Тодоров од трибината на ВМРО ДПМНЕ во Виница.
Според владејачката партија, досега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработени речиси 9 илјади луѓе.
ВМРО ДПМНЕ најавува серија трибини на кои ќе се даде отчет за сработеното, но и за идните планови.
