Перо Антиќ пуштен на слобода, се нашол на погрешно место во погрешно време!
По инцидентот во ноќен клуб во Њујорк, Антиќ и и неговиот соиграч од Атланта, Сефолоша, кои беа приведени од страна на полицијата излегоа со заеднички став во јавноста...

Единствениот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ е пуштен на слобода. По инцидентот во ноќен клуб во Њујорк, Антиќ и и неговиот соиграч од Атланта, Сефолоша, кои беа приведени од страна на полицијата излегоа со заеднички став во јавноста.
„Како членови на Атланта, ние се придржуваме до високите стандарди на однесување и нашата улога во професионалниот тим е максимално сериозна. Ќе сториме се за да докажеме дека не сме погрешиле и не се направиле ништо лошо. Им се извинуваме на семејствата, на соиграчите и на сите од тимот за лошиот публицитет што им го донесе овој инцидент“ – стои во нивната заедничка изјава.
Зад нив застана и Атланта Хоукс, клубот за кој настапуваат, од каде сметаат дека двајцата се нашле на погрешно место во погрешно време.
Антиќ и Сефолоша беа приведени во Њујорк, под сомнение дека ја попречувале работата на полицијата која пристигнала да расчисти инцидент во ноќен клуб, во кој биле нападнати играч на Индијана Пејсерс и неговата сопруга.
Антиќ, правната разврска на инцидентот ќе ја чека до 16 јуни.
