Македонија дел од НАСА Спејс Аппс Челинџ 2015

09.04.2015 14:05

Настанот се реализира на 135 локации во светот, а поради освојувањето на второто место на минатогодишниот натпревар на тимот од Македонија, Скопје е координатор на 10 локации во земјава и во регионот...

Почна глобалниот хакатон НАСА Челинџ 2015 на кој учесниците имаат можност 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.

Настанот се реализира на 135 локации во светот, а поради освојувањето на второто место на минатогодишниот натпревар на тимот од Македонија, Скопје е координатор на 10 локации во земјава и во регионот.

Во меѓународната активност за дизајнирање иновативни решенија, се вклучуваат 10.000 учесници на 135 локаци во светот, меѓу кои Скопје, Тетово, Охрид и Битола.

Младите иноватори ќе ја покажат својата иновативност со непрекината работа во  тек на 48 часа. Ќе соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултет, а ќе им поомагаат и компании.