Ќе се уредуваат плажите во охридската населба Лагадин
Градежните зафати почнуваат во мај и се очекува да финишираат во август. Ќе се уредуваат 500 метри на источното крајбрежје, под викенд населбата во подножјето на Галичица...

Министерството за транспорт го стартува проектот за изградба и уредување на плажите во населбата Лагадин во Охрид. Предвидено е да се вложат 75 милиони денари.
Градежните зафати почнуваат во мај и се очекува да финишираат во август. Ќе се уредуваат 500 метри на источното крајбрежје, под викенд населбата во подножјето на Галичица.
Предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисен пункт, шанкови, тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на лежалки и чадори, игралишта за деца, платформи во вода.
Предвидени се и зелени оази, односно тревни површини, а по целата должина на плажата ќе бидат засадени палми кои, како што велат надлежните, треба да го донесат духот на Медитеранот.
