Фудбал - репрезентација на Mакедонија

Ѓуровски не прифаќа дека е главен виновник

09.04.2015 14:44

По раскинот на соработката, Ѓуровски се обрати со свој став, не ги прифаќа критиките дека е главен виновник за лошите резултати и според него во ФФМ немаат визија и не ја препознале неговата идеја...

Иако напредуваше три позиции, фудбалската репрезентација на Македонија и натаму е под стотото место на ФИФА ранг листата, а екс селекторот Бошко Ѓуровски смета дека и Мурињо и Анчелоти заедно не  би можеле ништо да направат за краток период. По раскинот на соработката, Ѓуровски се обрати со свој став, не ги прифаќа критиките дека е главен виновник за лошите резултати и според него во ФФМ немаат визија и не ја препознале неговата идеја.   

По ремито со Австралија, нашата реперезентација сега е 105-та, откако славеше во Скопје, Белорусија е 15 позиции подобропласирана или 83-та, Словачка е 20-та, Украина 33-та, Луксембург 137-ми, а Шпанија се врати во Топ10 од коишто излезе Франција, а нема место ниту за Италија и Англија.  

Светски фудбалски лидер и натаму е Германија, пред Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и пред црвената фурија.