Доделено 500-то решение од проектот „Купи куќа, купи стан“

09.04.2015 14:54

Во последниве месеци одобрени се над 25 барања. Вкупниот број е 524, што значи дека проектот наиде на добар интерес кај граѓаните, рече Ставрески...

Пред Велигден семејството Димовски од Скопје по 15 години живеење под кирија го реши станбеното прашање. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески лично им го врачи решението. Ова е 500-то решение од проектот „Купи куќа-купи стан“.

„Проектот досега предизвика голем интерес кај граѓаните и од тие причини е отворена канцеларија во Министерството за финансии каде може да се добијат информации за можностите што ги нуди, без разлика дали се работи за учество за кредит или за половина рата. Се работи за значителна финансиска поддршка од државата“, изјави Ставрески.

Во последниве месеци одобрени се над 25 барања. Вкупниот број е 524, што значи дека проектот наиде на добар интерес кај граѓаните, рече Ставрески.

Од 16-ти овој месец од Охрид, тргнува карван „Купи куќа-купи стан“ низ другите градови.