МРТ во хуманитарна акција: Помош за четири семејства од Пелагонискиот регион

09.04.2015 15:30

Хуманоста не познава граници. Не ретко се случува оние кои имаат повеќе да донираат за сиромашните. И Јавниот сервис во хуманитарна акција. За четири семејства од Пелагонискиот регион хуманитарна ...

Раката што дава велат не се суши, особено кога е на правото место. Има благородни луѓе. Сакаат да поделат со понеимотните.

Јавниот сервис се приклучи на хуманата мисија на човекот кому здружението „Братство Свети Јован“ од Стокхолм му ги довери донациите, Јовица Андонов.

Семејството на Владо и Летка го посетивме во нивната трошна куќа.

„Барам работа, под Трудот сум, 56 години имам“, вели Владо Поповски.

„Ова се пари за вашите деца, тие деца допрва треба да живеат“, им рече Андонов на Владо и Летка.

„Ќе си купан чанта и сакам мама за Велигден да ми направи јајца“, посака Марија, ќерка на Владо.

Едни други среде Битола, не пречекаа со топло гостопримство. На петченото семејство судбината му е тешка, ама синот Томе е одличен студент и оди на натпреварувања по физика и астрономија. Не му пречат условите, иако би сакал подобри.

„Не се подготвувам многу време за испити, малку учам, еднаш два пати ќе прочитам и памтам и ако ме векне некој другар да му покажам, така и јас ќе си повторам“, вели Томе Киријази.

Не ја скрија радоста поради добиенат помош.

„Најпрво струја ќе си платиме, имаме струја за плаќање па после ќе видиме другото“, вели неговата мајка Зорка Киријази.

А една несреќа како да не оди сама.

Александар, главата на семејството, бил бранител, имал работа, а сега никој не му ја дава, иако живее во очај со двете дечиња со посебни потреби. Ниту сопругата Анита не може да помогне.

„Благодарам многу за помошта, благодарам што не посетивте“, велат Јован и Анита Кузмановски.

За семејството Петровски страданијата се големи не само поради бедата и немаштијата, туку и болестите и немоќта.

„Не сум работоспособен“, вели Златко Петровски.

„Како сите, така и ние Велигден сакаме да го дочекаме“, додава Јасмина Петровска.

Убава мисла за подобри денови за сите безнадежни, тоа е нашата молитва која беспоштедно ја споделуваме зашто  Величетврток  е значаен ден од страдалната седмица кога господ ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение.

 

Фиљана Кока