Кошарка

Има ли крај?

09.04.2015 17:42

Натпреварувачката комисија на кошаркарската федерација на Македонија одново го одложи веќе на два пати одложениот натпревар од првото коло во машката супер лига меѓу екипите на Карпош Соколи и Куманово...

Без да прецизира врз основа на кои аргументи,натпреварувачката комисија на кошаркарската федерација на Македонија одново го одложи веќе на два пати  одложениот натпревар од првото коло во машката супер лига меѓу екипите на Карпош Соколи и Куманово,откако  кумановци  ја искористија правната можност да ја обжалат одлуката на арбитражната комисија ,на тој начин да го пролонгираат терминот за евентуално одигрување на натпреварот,но и да ги потенцираат своите ставови,дека првобитно натпреварот е закажан и одложен спротивно на пропозициите,дека истиот треба да биде регистриран со службен резултат во нивна полза и дека евентуално правдата ќе ја баррат на суд,но и за случајот ќе ги известат органите на меѓународната кошаркарска федерација.Да потсетиме случајот Карпош Соколи настана откако тимот во предвидениот термин-пред стартот на натпреварите од супер лигата не извршил трансвормација во акционерско друштво и со самото тоа го изгубил правото за настап во лигата.

Мечот Карпош Соколи-Куманово е одново одложен,а натпреварувачката комисија и покрај некомплетното прво коло го закажа второто што е спротивно на пропозициите,па претстојниот викенд натпреварите Работнички-Карпош Соколи и Куманово –Кожув се закажани за в сабота,а МЗТ Скопје и Фени Индустри ќе играат в недела.

И сето тоа за „спас на кошарката“ и во име на фер-плејот,но дали ќе биде така?