Лесни патувања,тешки противници
На ждрепката одржана во Кристианштад беа одредени седумте квалификациски групи со по четири селекции од кои првите две во секоја група ќе обезбедат настап на европското...

Нашата најдобра женска ракометна репрезентација во квалификациите за европското првенство во Шведска во 2016-тата ќе игра во групата 4 со селекциите на Црна Гора, Хрватска и на Словенија.
На ждрепката одржана во Кристианштад беа одредени седумте квалификациски групи со по четири селекции од кои првите две во секоја група ќе обезбедат настап на европското.
Новиот квалификациски циклус за нашите ракометарки ќе стартува во октомври оваа година. Во периодот од 7 до 11 октомври ќе се одиграат натпревари од првите две кола. Втората фаза е од 9 до 13 март 2016-тата година, а завршните две кола се закажани во периодот од 1 до 5 јуни .
