Венизелос во Париз и Вашингтон ќе лобира за името

13.01.2014 11:35

Денеска во Париз грчкиот Министер за надворешни Евангелос Венизелос има средба со Лоран Фабиус францускиот шеф на дипломатијата

 По Париз Венизелос заминува за Вашингтон на неговата прва официјална средба со американскиот државен секретар Џон Кери. Аналитичарите средбите ги оценуваат како можност на Атина на највисоко ниво да интервенира за разговорите околу разликата за името, иако нема да биде главна тема на средбите. Приорети на Венизелос се кипарското прашање, грчкото претседавање со Унијата, економската криза и улогата на официјална Атина во поширокиот регион. Разговорите околу името оддамна немаат предност во официјалната политика на Вашингтон, но Венизелос сака да осознае каков е ставот на Париз по најавите на првите луѓе на Франција за позасилено учество на Берлин и Париз во надминувањето на разликата.