Кошарка за Велигден

09.04.2015 19:03

Според најнивиот развој на настаните натпреварувачката комисија веројатно дуелот ќе го регистрира со службена победа на Карпош Соколи бидејќи во меѓувреме ги закажа и натпреварите од второто коло што неможе да се направи доколку не е комплетирано првото...

Одложениот натпревар од првото коло во кошаркарската супер лига меѓу екипите на Карпош Соколи и Куманово не се одигра откако гостите не допатуваа во Скопје, но и најавија дека немаат намера да ја одиграат средбата за која сметаат дека треба да ја добијат со службен резултат.

Според најнивиот развој на настаните натпреварувачката комисија веројатно дуелот ќе го регистрира со службена победа на Карпош Соколи бидејќи во меѓувреме ги закажа и натпреварите од второто коло што неможе да се направи доколку не е комплетирано првото. Така во претстојниот викенд ќе треба да се играат натпреварите Работнички-Карпош Соколи и Куманово –Кожув закажани за в сабота и в недела МЗТ Скопје –Фени Индустри. Но тука нема да биде крајот на проблемите во мак-кошарката бидејќи кумановци најавуваат жалби по многу основи,а се заканија и со напуштање на лигата.