Аферата „Оланд“ ја окупра Франција

13.01.2014 11:39

Франција

Францускиот магазин „Клоузер“ ќе го повлече спорниот текст од својата  веб –страница во кој  ја објави аферата на францускиот претседател Оланд и актерката Жули Гаје. Оланд најави тужба за нарушување на приватноста, а неговата сопруга беше хоспитализирана по објавувањето на аферата. Според анкетите аферата нема да влијае врз имиџот на претседателот, дури 84 насто од анкетираните Французи не го смениле мислењето и натаму го поддржуваат.

Австралија

Едно лице загина, а 40 куќи се изгорени до темел во големиот пожар во Перт во Австралија. Високите температури и силниот ветер ја прошириле огнената стихија кој почна во неделата изутрината предизвикан од неисправен далновод. Над 250 пожарникарите се уште се обидуваат да ги стават под контрола пламените јазици кои се опасност за целата област. Досега стотици луѓе морале да ги напуштат домовите.

Бангкок

Демонстрации во Тајланд. Над 12 илјади луѓе маршираа по  улиците на Бангкок и ги блокираа сите крстосници и поголеми институции. Тие бараат оставка од премиерката Шинаватра,  властите стравуваат дека ако продолжат протестите дека може да дојде  до  граѓанска војна.

Израел

Државници од целиот свет денеска ќе му изразат поседна почит и ќе присуствуваат на погребот на поранешниот израелски премеир Ариел Шарон, кој ќе биде погребан до неговата сопруга на имотот во нивниот дом во јужен Израел. Илјадници луѓе се очекува да присуствуваат на погребот, а полицијата ги зголеми безбедносните мерки. Шарон почина на 85-годишна возраст, по 8 години поминати во кома.

Лос Анџелес

Со гламур и елеганција светските ѕвезди продефилираа на црвениот тепих на 71-то доделување на наградите за филмови и телевизиски шоуа на „Златен глобус“. Драмата  „12 години ропство“  ја доби наградата за најдобар филм, „ Американска измама“ е прогласен за водечки мјузикл, а наградата за животно дело ја доби Вуди Ален. 

Марија Петковска