Карван за проектот „Купи куќа купи стан“
Планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во девет градови според концептот „сите информации за проектот на исто место“...

Министерството за финансии неделава ќе започне со карван за проектот „Купи куќа, купи стан“, чија цел е да ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.
Планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во девет градови според концептот „сите информации за проектот на исто место“.
Карванот стартува в четврток (16 април), со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.
Карваните низ поголемите градови, како што наведуваат од Министерството, се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.
Министерството за финансии минатата недела го додели 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.
