Сибир: 26 жртви во пожарите
14.04.2015 11:15
Огнот зафатил повеќе од 30 села, а околу 5 илјади лица останале без покрив над главата...

Во пожарите што минатата ноќ ги зафатија населените делови на Сибир загинаа 26 луѓе, а речиси 1.000 побарале лекарска помош. Вкупно 77 луѓе завршиле во болница, а осуммина од нив се во критична состојба.
Огнот зафатил повеќе од 30 села, а околу 5 илјади лица останале без покрив над главата. Пет илјади пожарникари се бореле со огнената стихија во југоисточните и во источните делови на Сибир.
Рано изутрината биле изгаснати сите 38 пожари. Причинета била материјална штета од околу 94 милиони долари.
